СЕХА Ф4: Вардар води против Брест, голманите доминираат

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

На полувремето од полуфиналната пресметка од Ф4 турнирот во СЕХА лигата, Вардар води против Брест со 14-10.

По израмнетите воведни минути, Брест успеа за кратко да се одлепи на два гола разлика, имаше 5-3 во осмата минута. Вардар сепак го врати резултатскиот баланс, додје до израмнување, а птооа и повторно до минимална предност во 15 минута, а веќе во следната имаше и плус два (8-6).

Во завршните десет минути од полувремето, Вардар влзе со предност од три гола, откако во 20-та минута поеде со 10-7, а набрзо потоа имаше и највисоки плус 4 со колку што замина и на пауза.

Криштопанс со четири гола и Стоилов со три гола ја предводат листата стрелци на полувремето. Милосавлјев има  осум одбрани по 30 минути од полуфиналето. Идентичен број одбранети удари кај Брест има Иван Пешиќ.

Победникот од овој натпревар во утрешното финале ќе се сретне со Загреб, додека поразениот ќе се бори против Нексе во дуелот за третото место.

 

Се вчитува...