Со балканската „класика“ меѓу Вардар и ППД Загреб денеска (20.15 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје се затвора седмата сезона во реагионаланата СЕХА Гаспром лига. Вардарци пред домашната публика ја бранат тутулата и атакуваат на рекордна четврта во регионалното натпреварување. Загреб во својата колекција има една и тоа освоена во Скопје против Вардар во 2013 и во хрватскиот шампион се надеваат на втор „скопска“ среќа.
Македонскиот и хрватскиот шампион се „староседелци“ уште од основањето на регионалната СЕХА лига и се двата тима што имаат одиграно најмногу меѓусебни натпревари во изминатите седум години.
Врзано за Вардар и за Загреб во нивните настапи и титули во СЕХА лигата интересно е дека и едните и другите во меѓусебните финалиња, се победувале и како гости – Вардар ја освои титулата во Загреб во 2012, а Загреб го победи Вардар во финалето во 2013 во Скопје.
„Ќе сториме се да ја одбраниме титулата пред нашата публика. Претходно кога Скопје беше домаќин на Ф4 турнирот во 2013 година во финалето загубивме од Загреб. Убеден сум дека тоа нема да се случи повторно“ – најави капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.
Тој е еден од четворицата играчи од актуелниот состав на Вардар заедно со Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ и Страхиња Милиќ, кои беа дел и од тоа финале од пред пет години.
Оптимоизмот кај вардарци пред вечерашното финале го поткрепува и фактот што актуелниот европски шампион и бранител на титулата во СЕХА, сезонава има четири победи во дуелите со ППД Загреб, две во Лигата на шампионите и две во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. Вардарци на еден меч до крај се без пораз во регионалното натпреварување, а целта е така да остане и по завршниот меч вечерва.
Пред големото финале, со почеток во 17.45 .часот ќе се одигра дуелот за третото место меѓу Мешков Брест и Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА