ЕКИПА во Брест,
Томас Ѓоргиевски
Управниот одбор на регионалната СЕХА Гаспром лига на денешниот состанок во Брест донесе одлука за зголемување на наградниот фонд за екипите учеснички на Ф4 турнирот. Четирите екипи што ќе настапат на завршниот турнир, годинава ќе поделат 115.000 евра што е за 35.000 евра повеќе во однос на лани.
Овие средства од наградниот фонд ќе бидат распределени според пласманот на завршниот турнир. Така, за шампионот е обезбедена парична награда од 45.000 евра, второпласираната екипа ќе добие 35.000, третиот 25.000, а четвртиот 15.000 евра.
Оваа одлука на УО на СЕХА е донесена со цел дополнително да се наградат најдобрите екипи во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА