СЕХА лига – Вардар на гости кај Загреб, Металург кај Горење

По двонеделната пауза во регионалната СЕХА лига, македонските претставници Вардар и Металург денеска гостуваат во Хрватска и во Словенија.Во големото дерби во СЕХА, вардарци му гостуваат на ППД Загреб (20.30 ч.), а Металург ќе ги одмери силите со Горење (17.45 ч.)

Вардар е сигурен на лидерската позиција на табелата со 40 бода, а Загреб е втор со 31 бод. И двете екипи веќе имаат обезбеден пласман на Ф4 турнирот, но тоа не ја намалува мотивацијата пред денешниот дуел. Вардарци сезонава имаат 13 победи и едно реми, а од хрватскиот шампион посакуваат токму тие да стават крај на неверојатната серија на трикратниот шампион, но и да се реваншираат за поразот во првиот натпревар во Скопје (30-23).

Свесни сме за квалитетот на противникот со кој се соочуваме. Овој натпревар доаѓа во лош момент и за двата тима со оглед на тоа што и ние и тие за неколку дена играме важни натперевари во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да одиграме добро, веројатно ќе поштедиме некои играчи и ќе им дадеме шанса на другите да покажат што можат, и секако, ќе се обидеме да победиме ако ни се укаже шанса за тоа“ – изјави тренерот на ППД Загреб, Златко Сарачевиќ.

За разлика од Вардар кој игра на високо ниво на два фронта, во ЛШ и во СЕХА, Металург го заврши настапот во најсилното европско натпреварување и имаше можност во паузата да ги одмори играчите и да се фокусира само на настапите во регионалната лига, а во иста ситуација е и тимот на Горење. За Металург кој моментно е на седмата позиција со 16 бода, шансите за пласман на Ф4 се само теорија. Горење е моментно на 5.место на табелата со 21 бод и се уште се бори за место во големата четворка што ќе игра во завршницата за титулата во СЕХА лигата.

Имавме доволно време да се подготвиме за овој натпревар. Горење има искусен состав со неколку квалитетни млади играчи и својот потенцијал го потврдија многупати во текот на сезонава. Тие се фаворити во овој дуел, но нашата цел е да докажеме дека може да играме добро портив секој противник и на домашен и на гостински терен подеднакво. Горење не победи на првиот натпревар во Скопје и се разбира дека сега ќе се обидеме да им се реваншираме“ – истакнува тренерот на Металург, Александар Јовиќ.

Покрај овие два натпревари, денеска се игра уште еден дуел од 15.коло во СЕХА лигата, во кој Мешков Брест ја пречекува Војводина (18 ч.). До крајот на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата остануваат уште четири кола.

Се вчитува...