Фајналфор турнирот од СЕХА-лигата за оваа сезона ќе се одржи од 3 до 5 април во Задар, Хрватска, обелодени раководството на регионалното натпреварување.
„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека Задар ќе биде домаќин на деветтото издание на фајналфор-турнирот од СЕХА-лигата. Хрватска третпат е домаќин на ова натпреварување, по Загреб во 2012 и Вараждин во 2016 година. Како и секогаш, очекуваме навивачите да гледаат одличен ракомет, но и да уживаат во целокупниот настан“, изјави Синиша Остојиќ, менаџинг-директор на СЕХА-лигата.
Вардар е актуелен шампион на СЕХА, но за да ја брани титулата во Задар македонскиот првак ќе мора најпрвин во четвртфиналето да го елиминира хрватскиот вицепрвак Нексе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА