СЕХА почнува на 17. декември, Пелистер на стартот против Металопластика

Пелистер ќе ја стартува сезоната во СЕХА лигата на 21. декември со натпреварот против Металопластика во арената „Боро Чурлевски“ во Битола.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека на 21 декември ќе започне со натпревари во регионалната СЕХА Гаспром лига за сезоната 2021/21. По дефинираните термини на првите два натпревари, Еурофарм Пелистер следниот понеделник, на 21 декември во 17:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречека српскиот претставник Металопластика. Дуелот меѓу македонскиот тим и поранешниот европски првак е почеток на групната фаза и единствен натпревар на клубот кој ќе се одигра до крајот на 2020 година“, стои во соопштението од клубот.

Oфицијален распоред веројатно нема да има, туку натпреварите ќе се играат во договор меѓу екипите учесници. Официјално лигата ќе стартува на 17. декември со мечот меѓу Војводина и Нексе.

Се вчитува...