Завршниот турнир од СЕХА-лигата за оваа сезона ќе се одржи во Брест, Белорусија, објавија денеска и официјално челниците на регионалното ракометно натпреварување. Откако стана познато дека Брест Мешков ќе биде дел од Ф4 турнирот се официјализираа најавите дека овој клуб ќе биде и домаќин на завршното натпреварување, како што тоа беше случај и пред две години.
Фајналфор турнирот ќе се одржи на 2 и на 3 април 2019 година, а на него ќе учествуваат бранителот на трофејот Вардар, домаќинот Брест Мешков и хрватските екипи Загреб и Нексе. Изгледот на полуфиналните двојки ќе биде познат по завршувањето на натпреварите од последното коло.
„Големо задоволство за нас е фактот што Мешков Брест повторно ќе биде домаќин на фајналфор турнирот. Убедени сме дека тоа ќе биде незаборавно искуство за ракометниот клуб Мешков, за градот Брест и севкупно гледано за белорускиот ракомет“ – изјави менаџинг-директорот на СЕХА-лигата, Синиша Остојиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА