Вардар ја продолжува победничката серија во регионалната СЕХА лига. „Црвено-црните“ славеа гостинска победа против Горење со 29-31 и се зацврстија на лидерската позиција на табелата со 14 победи. На гостувањето во Словенија, Вардар настапи без капитенот Стојанче Стоилов и без Лука Циндриќ, а од голманското трио на „црвено-црните“, на овој меч паузираше Страхиња Милиќ. Но, тоа не беше пречка за вардарци да додатат уште една победа и во победнички ритам да го дочекаа продолжението на групната фаза во Лигата на шампионите.
Тимур Дибиров му донесе почетно водство на Вардар кој го имаше главниот збор во воведниот дел од натпреварот. Со серија од 3-0, „црвено-црните“ поведоа со 3-6, а потоа со уште една минисерија дојдоа и на +4 (4-8) на средината од првиот дел. Дибиров го предводеше нападот на Вардар во овој дел од мечот постигнувајќи шест гола од седум обиди. Во финишот на полувремето, домаќините сепак успеаја да се вратат во игра и да ја анулираат предноста, најмногу благодарение на неколкуте добри интервенции на голманот Ферлин Клемен кој во првото полувреме запиша 11 пдбрани. На 30 секунди пред крај, Горење со погодокот на Вид Левц дојдоа до минимална предност од 13-12, но Мијајло Марсениќ го искористи последниот напад пред паузата и донесе ново изедначување на 13-13, резултат со кој двете екипи заминаа на одмор.
Офанзивата на домаќините продолжи и на стартот од вториот дел кога Горење со два гола во серија поведе со 15-13. Одговорноста во нападот на Вардар ја презеде Вуко Борозан. Црногорскиот бек на двапати беше прецизен и не му дозволи на домаќинот да се одлепи. Во игра гол за гол, Горење ја одржуваше предноста во третата четвртина. Но вардарци тргнаа во нова офанзива, со серија од 5-1 го презедоа водството и во завршната четврина влегоа со предност од 22-24. Но, не се предваа ни ракометарите на Горење. Цврстатат игра во одбраната и сигурниот Ферлин на голот одново ги вратија во егал, а потоа Клемен Цехте погоди за ново минимално водство на домаќините од 26-25 на девет минути пред крај. Во вистински момент на вистинското место беше Арпад Штербик и отвори простор за ново водство на Вардар и нова неизвесност во заврницата на натпреварот. Вардар направи серија од 3-0, а Борозан беше ракометарот што го реши натпреварот. Со два врзани гола, Борозан ги однесе „црвено-црните“ на +2 (28-30), а точка на надежите на Горење стави Арпад Штербик со одбранетиот седмерец на неполна минута пред крај.
Тимур Дибиров со осум гола беше најефикасн кај Вардар,Вуко Борозан постигна шест, а по четири погодоци запишаа Марсениќ и Македа. Арпад Штербик имаше 12 одбрани на голот на „црвено-црните“. Кај Горење по шест гола постигнаа Цехте и Митровиќ, а Ферлин го заврши мечот со 16 одбрани.
Претходниот натпревар против Нексе и овој со Горење за вардарци беа добро загревање пред продолжението на групната фаза во Лигата на шампионите и претстојниот дуел со ППД Загреб на 11 фавруари во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА