Хрватска на катастрофален начин го заврши настапот на Светското првенство во Египет откако по поразот од Аргентина, популарните „каубои“ доживеа дебакл на мечот против Данска со 38-26.
По завршувањето на мечот едноставно полудеа социјалните мрежи на Балканот, а победникот на денот е фотографијата на која популарното меме oд Берни Сандерс се наоѓа на клупата на Хрватска, но наместо членот на сенатот од страна на Демократите, стои ликот на Лино Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА