Сеир на денот: Пеналот на Бејл заврши во дворот на Гери Линекер

Велс стигна до огромни три бода на дуелот со Турција и речиси сигурно си обезбеди место во осминафиналето од ЕВРО 2020, но во фокусот на јавноста на „островот“ наместо големата победа остана промашениот пенал на Герет Бејл.

На асот на Реал Мадрид му се потсмеваат бројни фанови и фудбалски аналитичари, но најголем сеир му фати англиската фудбалска легенда Гери Линекер, која објави фотомонтажа од топка како паѓа во неговиот двор.

„Безбедно слета, Герет Бејл. Се уште мислам дека можеш да стигнеш до „зеленото од овде“ (голф-термин)“, му порача Линекер на најдобриот велшки фудбалер.

Се вчитува...