„Сеир на денот“: Зошто Кепа не носи маска?

Челси денеска ќе го игра својот меч од четвртото коло во Лигата на Шампионите, на гостински терен со Рен, а од вчерашното полетување од лондонскиот аеродром во очи падна една фотографија, дека Кепа Аризабалага е единствениот член на лондонскиот клуб без маска на лицето.

Тоа беше доволен повод да се почна со „сеир“ на сметка на Кепа… па така на прашањето зошто тој не носи маска, бројни одговори беа дека тој секако не може да фати ништо, па ни корона…

Се вчитува...