Фудбалерите на Евертон синоќа со 2-0 славеа против Барнли во 37. коло од Премиер лигата на најдобар начин збогувајќи се со своите навивачи за оваа сезона.
Но, во центарот на вниманието се издвоија и провокациите од страна на навивачите на најголемиот градски ривал на Ливерпул. „Црвените“ пред неколку денови загубија убедливо од Барселона во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, па навивачите на Евертон одлучија да го искористат тој натпревар за провокации…
Добар дел навивачи на Евертон синоќа имаа шалови од Лионел Меси кои се продаваа на штандовите на клубот пред натпреварот…
Image: An Everton clothing stand, a great rival of Liverpool, put up Messi scarves on sale after his masterclass on Wednesday. pic.twitter.com/hsPaP9XcMd
— barcacentre (@barcacentre) May 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА