Сеирџиите веднаш се јавија: Анчелоти го „предупреди“ Флик да нема петти гол (ФОТО)

Не се чекаше долго да се јават сеирџиите по убедливата победа на Барселона од 0-4 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Па, во фокусот двајцата тренери Ханси Фллик и Карло Анчелоти… По четвртиот гол на Каталонците во еден момент Карло Анчелоти дојде до клупата на Барселона упатувајќи предупредување до Флик.

„Дон Анчелоти го предупредува Флик да нема петти гол“ – пишуваат серџиите на социјалните мрежи.

Но, вистината е дека Анчелоти реагираше до Флик и клупата на Барселона поради некорекната реакција од одредени членови на стручниот штаб на каталонскиот тим, кои по постигнатиот гол се радуваа со гестикулации пред клупата на Реал Мадрид.

Се вчитува...