Сеирџиите во елемент: Еве зошто не беше поништен голот на Мбапе (ФОТО)

Франција го освои трофејот во Лигата на Нации по контроверзниот погодок на Килијан Мбапе, а шпанската јавност со право протестира бидејќи на видео-снимките е очигледно дека асот на ПСЖ е во офсајд, но ниту помошникот на Тејлор, ниту ВАР-арбитрите не го поништија неговиот победнички гол.

До крајот на ТВ-преносот воопшто не беше објавена снимка со ВАР-линиите на кои се гледа дали во сомнителна ситуација играчот се наоѓал во офсајд или не, а дел од објаснувањата се дека офсајд немало бидејќи шпанскиот дефанзивец ја допрел топката пред таа да стигне до Мбапе, што исто така е сосема нереално за да биде легитимна причина бидејќи воопшто не беше променет правецот на топката во однос на првичното додавање.

Во меѓувреме, сеирџиите ширум Европа имаат доста „материјал“ за забава, па така се појави и линијата што ВАР-судиите ја нацртале, со која Мбапе сепак не се наоѓал во офсајд.

Се вчитува...