Арне Слот има причина да биде расположен откако има историски старт на една сезона со Ливерпул, па по триумфот над Манчестер Сити сега има предност од девет бода на врвот на табелата.
Тој успеа и да фати сеир на сметка на Манчестер Сити, по прашањето на денешната прес-конференција, да даде коментар за изјавата на Мохамед Салах дека неделниот дуел можеби бил негов последен на „Енфилд“ против „граѓаните“.
„Можеби Мо знае некои работи околу оние 115 обвиненија против Сити, очекува тие да не бидат во Премиер-лигата следната сезона…. Тоа е шега, повторувам, шега, затоа што вистинските одговори на ова прашање секогаш се здодевни“, со насмевка коментираше Слот.
„Црвените“ по победите над Реал Мадрид и Манчестер Сити сега ги очекуваат три гостувања во низа, против Њукасл и Евертон во Премиер-лигата, и против Џирона во Лигата на Шампионите.
🚨 Arne Slot on Mo Salah saying that Sunday could have been his last Anfield game vs Man City.
“Maybe Mo knows more about the 115 charges, so expects them not to be there next season… it was a joke!”.
“I repeat, a joke”.
🎥 @BeanymanSportspic.twitter.com/KHv8tujZwb
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА