СЕИРМАНИЈА: Ексклузивно само тука – Зошто Дарко не му се јавува на Драгче!?

Од сега и СЕИРМАНИЈА на ЕКИПА… Спортот секогаш пред се треба да биде забава, иако сите ние неизбежно си го „лепиме на срце“ некогаш и премногу сериозно. Но, секако, шега никогаш не е на одмет колку понекогаш да се разбие нашето спортско сивило во кое знаеме да западнеме. Иако, и погледот од духовитата страна и тоа како знае и може, и помоќно од сериозниот пристап, да ги потенцира аномалиите во нашето спортско секојдневие. Токму затоа е тука СЕИРМАНИЈА…

=======================================================================

1. Драгче: Ало, алооо Даре…!?…. Тииит, тиииит…

– Да ви кажам право, фудбалската јавност навистина се шокираше кога дозна дека Драгче нема никаков контакт четири месеци со кандидатот за нов претседател на ФФМ, Панчев. Што би се рекло, Драгче во име на „обединетите“ си има свои замисли, ама нема кандидати… Е, ама, за мене не беше никакво изненадување зошто Дарко не му се јавува на Драгче. И по цена кривично да одговарам, еве ви транскрипти од моите прислушувани телефонски разговори на клучните фудбалски лица во земјава… Вистината мора да се знае…

Print 1Print 2

2. А, што ако сега и Јонуз по четири месеци не се јавува!?

– И, така Драгче одма си најде нов кандидат. Туку, мене сега ми е што ако по четири месеци и Јонка не му се јавува на Драгче!? Ама, сигурен сум дека нема да има никаков проблем… Несериозно е да немаат уште тројца-четворица кандидати, во резерва. Ви ја носам ексклузивно и тајната листа на следните кандидати. Ако за четири месеци не се јавува и Јонка, следен е Бунгур, ако по четири месеци не се јавува и Бунгур, следен е Бајдо, а ако не се јавува и Бајдо тогаш е Чаче… Е, со Чаче нема да има проблем. Чаче секогаш се јавува!

3. Супер гласање за УО на ФФМ. Се само „бројки“… Џанам Северна Кореја!

– Многу ќејф ме фати на Собранието на ФФМ, што и таму гледам еден куп лица така „обединети за фудбалот“. Абре нема различно мислење, нема говор, нема збор, нема глас и став… Абре сите ко едно. Милина. Сите исто си мислат, и оние од Нагоричани, и оние од Липково, и оние од Куратица… Едногласно! И, така е бре, што има да мислат. Нема мислење. Ете, баш убаво и кога си се читаа гласовите за нови членови на УО – се само бројки. Што би се рекло: „Нови членови на Управниот одбор на ФФМ се 1, 3, 4, 5, 7, 9, 11, 13, 14, 17, 19, 21,23 и 24“. Честитки за бројките. Со среќа да им е. А, нас на здравје!

Се вчитува...