Сејдини: Актуелното однесување на поединци и институции може да донесе ‘квантен-скок’ наназад за македонскиот фудбал

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини искажа и разочараност од актуелното однесување на поединци и институции во моментите на најголемите успеси на македонскиот фудбал кога се очекува обединување пред настапот на Европското првенство во јуни.

Сејдини нагласи дека некој сака да стави рака на ФФМ, но дека Фудбалската федерација на Македонија ќе се спротистави на секаков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство.

„Чувствувам обврска да истакнам дека ваквото постапување може да донесе ‘квантен скок’ ама наназад за македонскиот фудбал и нашите репрезентации. Причина за тоа нема да биде Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас како претседател, туку срамното и слепо однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз Фудбалската федерација на Македонија. Во секој случај, ФФМ ќе продолжи да се спротивставува на било каков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство. За се друго сме отворени за соработка се цел продолжување на сонот кој го живееме“ – истакна Сејдини на денешната прес-конференција.

Се вчитува...