Актуелниот в.д претседател Муамед Сејдини е првиот официјално номиниран кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Собранието на ОФС Кичево со едногласна одлука вечерва го кандидираше Сејдини во трката за претседател на ФФМ.
Сосема е извесно дека Сејдини ќе биде единствен кандидат за нов предводник на мак-фудбалот, со оглед на фактот дека досега нема друга кандидатура за прв човек на ФФМ за престојното изборно собрание закажано за 17. март во Охрид. А, рокот завршува утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА