Сејдини на средба со Филипче, врачени билетите за здравствените работници за ЕВРО 2020

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска оствари средба со Министерот за здравство, Венко Филипче на која им ги даде ветените билети за натпреварите на Македонија на Европското првенство 2020.

„Здравствените работници ја водеа битката на нашата генерација. Горди сме што им пружаме малку поинакво задоволство со можноста да ги бодрат македонските фудбалери на ЕВРО 2020“ – истакна Сејдини на средбата со првиот човек на македонското здравство.

Претходно, како што е познато, ФФМ додели билети и за вработените од Клиниката за инфективни болести.

Се вчитува...