Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини изминативе денови имаше интензивни средби со водечките лица на ФИФА и УЕФА, како и бројни челници на европски национални федерации за време на деновите на посета на Балканот.
Сејдини имаше срдечна средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш добредојдена за федерации како ФФМ.
„Одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата. Господинот Инфантино ни вети дека подршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме иновации во овој правец“ – истакнува Сејдини.
Првиот човек на ФФМ имаше средба и со првиот потпретседател на германската фудбалска федерација, претседател на надзорниот одбор на германската Бундеслига и главен извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.
„Средбите од ваков тип со еден од највлијателните луѓе во светот на фудбалот се секогаш добра можност за размена на исксутва и идеи за развој на фудбалот“ – вели претседателот на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА