Дресот кој што требаше да го носи македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство 2020 наиде на жестоки реакции од јавноста по што Фудбалската федерација на Македонија беше приморена да ги промени истиот и да го врати стартиот дрес кој ги красеше терените во Букурешт и Амстердам.
Сепак „несудените“ дресови нема да бидат фрлени во ѓубре, туку истите ќе бидат распределени во пониските лиги, изјави денеска претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини на гостување на телевизијата Телма.
„Човек што работи – греши. Јас ја прифатив грешката и се извинив на цела македонска јавност. Среќа наша е тоа што имаме претседател на УЕФА, кој добро го познава балканскиот менталитет. Му го објаснив проблемот на Чеферин, а тој ми кажа дека нема проблем и може да играме со стариот дрес. Ни мене не ми се допадна дресот зашто беше премногу темен. Уште првиот пат кога го видов, знаев дека ќе испадне проблем. Вината е наша, на претседателот на ФФМ, а не на ЈАКО или било кој друг. Дресовите нема да се уништат, туку тие ќе бидат распределени на тимовите од пониските лиги во Македонија“, вели Сејдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА