Сејдини: Новата сезона во ПМФЛ нека донесе игра изградена на тимски дух и фер-плеј и почит меѓу тимовите

Со шест натпревари денеска почнува новата сезона, 34. во историјата во Првата македонска фудбалска лига. Струга Трим и Лум ја брани титулата, а како никогаш претходно скоро сите екипи влегуваат со највисоки амбиции во новата сезона.

Пред почетокот на сезоната и премиерното коло порака на тимовите им испрати претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.

„Овој викенд започнува новата фудбалска сезона 2024/2025 во Македонија. Оваа сезона нека ни донесе игра изградена на тимски дух и почит кон противникот. Нека нашите терени бидат места каде што страста и ентузијазмот создаваат шампиони. Нека преовладее фер плејот и почитта меѓу сите тимови а на крајот нека победи најдобриот. Ја користам оваа прилика да посакам многу успех и радости за сите тимови. Со среќа на сите!“ – истакна претседателот на ФФМ пред денешниот почеток на Првата македонска фудбалска лига.

 

Се вчитува...