Пред вечерашниот натпревар помеѓу Италија и Македонија, во кој нашата репрезентација ќе брка пласман во финалето на баражот за пласман на Мундијалот во Катар, порака упати и претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.
„Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Покажаа дека се родени за големи работи, веруваат во себе и знам дека ќе дадат се од себе да го остварат сонот за пласман на Светско првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа да ја бодрат нашата репрезентација. Уживајте во натперварот“, рече Сејдини.
Дуелот Италија – Македонија почнува вечерва во 20:45 часот. Се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА