Сејдини по средбата со Инфантино: „Помошта која ја добиваме од ФИФА за инфраструктурата е клучна за развојот на фудбалот“

Претседателот на Фудбалската едерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари работна средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на ФИФА во Цирих, Швајцарија.

На приемот се разговараше за проектите на ФИФА Форвард во Македонија, притоа Сејдини заблагодарувајќи се на ФИФА и Инфантино за нивната поддршка за македонскиот фудбал сите изминати години.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наоѓа време за сите нас, да нè сослуша нас и нашите проблеми додека му укажуваме за работите што се случуваат во нашите земји. Навистина сум благодарен и сакам да изразам огромна благодарност до Инфантино за издвоеното време. Добро е познато дека без инфраструктура не може да се има квалитетен фудбал. Заедно со светската организација (ФИФА), денес 90% од времето го поминавме зборувајќи за инфраструктура. Без инфраструктура не е можно да се има добар фудбал. Помошта што ја добиваме од УЕФА и ФИФА е огромна за нас во Македонија, како мала земја, но и за другите балкански земји. Тоа е важно не само за нас и за другите држави или за други помалку развиените земји, тоа е важно за развојот на фудбалот во целина“ – истакна првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија по средбата со Џани Инфантино во Цирих.

Се вчитува...