Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини испрати честитки до македонските репрезентативци за убедливата победа од 0-5 на гостувањето против Ерменија со која Македонија пред последното квалификациско коло се избори за втората позиција на табелата во Групата Ј.
Македонија сама ќе ја крои судбината околу место за баражот за СП 2022 во последното коло против Исланд на домашен терен во Скопје, откако Романија не успеа вечерва да ги победи Исланѓаните во Букурешт.
„Храбро, борбено и напаѓачки фудбал, без разлика каде и против кого! Ова е вистинското лице на оваа генерација на македонската фудбалскa репрезентација. Се уште веруваме!“ – е пораката која Сејдини ја испрати до македонските репрезентативци.
Македонија против Исланд на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје игра во недела (14. ноември) со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА