Фудбалската репрезентација на Македонија го освои третото место во квалификациската група за ЕВРО 2020, што е најдобар резултат во историјата на националниот тим, а претседателот Муамед Сејдини јавно истакна дека фудбалерите и целата нација треба да продолжи да верува во можноста за настап на Еввропското првенство. Тој преку официјалниот сајт на ФФМ се заблагодари на сите кои дадоа придонес и за успешната организација на квалификациските натпревари на домашен терен.
Во име на Фудбалската федерација на Македонија и свое лично би сакал да упатам благодарност до сите кој дадоа придонес за успешната организација на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Исклучително ми е драго што заедно со Вас, навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација создадовме прекрасна атмосфера и на вистински начин ја потврдивме поврзаноста кон фудбалот и спортот воопшто.
Ви благодариме!
Би сакал да упатам искрена честитка до фудбалерите од нашиот најдобар национален состав за игрите и резултатите кои ги остварија во последниот квалификациски циклус за ЕУРО 2020. Многу е важно што фудбалерите веруваат дека можат, знаат колку се квалитетни, а со поддршка и навивање се подготвени за голем резултат.
Треба да продолжиме да веруваме во себе.
Благодарност до Министерството за Внатрешни работи и сите служби кои одлично ја завршија својата задача пред, за време и по натпреварите и им дадоа максимална помош на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, целата организација на натпреварите да помине без проблеми.
Исклучително ни е чест што добивме поддршка од државните институции и високите гости кои ги следеа натпреварите на македонската репрезентација покажувајќи на тој начин голема почит кон фудбалот и спортот воопшто.
Ви Благодариме!
Благодарност до навивачите и љубителите на фудбалот – ова беа квалификации на кои сите можеме да бидеме горди!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА