Најпознатата авионска несреќа на еден спортски колектив во историјата. Цели 61 година од несреќата во која настрадаа легендарните „бебиња на Манчестер јунајтед“ – осум фудбалери на славниот клуб, која го потресе целиот свет.
На враќање од натпреварот во Лигата на шампионите против Црвена Звезда во Белград, на 6. февруари 1958 година крај Минхен се сруши авионото на славната генерација на Манчестер јунајтед. Во трагедијата животот го загубија 23 од 44 патници, меѓу кои осум фудбалери како и двајца тренери на Јунајтед, генералниот секретар и осум новинари.
Несреќата се случила откако авионот поради лоши временски услови принудно слетал во баварската престолнина. Од трет обид успеал да се спушти, но на крајот од пистата зафатил снежен нанос поради што авионот загубил контрола, ја пробил оградата и со едно крило удрил во најблиската куќа па се запалил. Загинаа фудбалерите Данкан Едвардс, Роџер Бирн, Марк Џонс, Томи Тејлор, Дејвид Пег, Џеф Бент, Еди Колман и Лиам Вилан.
Remembering the #FlowersOfManchester. pic.twitter.com/vgFumGF11h
— Manchester United (@ManUtd) February 6, 2019
Трагедијата силно одекна во светот затоа што Манчестер јунајтед, предводен од Боби Чарлтон, кој преживеа, беше во самиот врв на европскиот фудбал. „Басбиевите бебиња“, како што ги нарекуваат по нивниот менаџер Метју Басби, беа само третиот премиерлигашки состав со три едноподруго шампионски трофеи во Англија.
По трагедијата се размислуваше и за гасење на клубот, но Јунајтед веднаш по истата се одлучи да продолжи со резервите и стигна до финалето од ФА купот, а тимот стигна и до полуфиналето од Лигата на шампионите. Подоцна Реал Мадрид го освои трофејот. Но, Реал заедно со Црвена Звезда се заложија трофејот од ЛШ таа година да му се додели на Манчестер јунајтед, но предлогот не беше прифатен.
#OnThisDay in 1958, we faced Red Star Belgrade in what was to be our final game before the Munich Air Disaster.
Tomorrow, we remember the men we lost. #MUFC pic.twitter.com/Esh1AkLTY0
— Manchester United (@ManUtd) February 5, 2019
Десет години подоцна, втората генерација на „Басбиевите бебиња“ стигна до европската титула со Џорџ Бест и Денис Лев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА