Секое чудо за два дена: Распад-систем, уште два тима се откажуваат од Суперлигата

Идејата за Суперлига на Европа би можела да трае само два дена откако вечерва почна лавина од откажувања од 12-те клубови кои требаше да ја имаат улогата на ко-основачи на ова натпреварување.

Челси прв повлече нога покренувајќи иницијатива за повлекување на писмото со намера со која лондонскиот клуб стана дел од Суперлигата. Неполн час подоцна на сличен чекор се решија и арапските газди на Манчестер Сити, кои според британските медиуми до крајот на денов и формално ќе се повлечат од новото натпреварување.

Не се премислуваат само Англичаните, од Шпанија пристигнува информација дека Атлетико Мадрид повеќе не е дел од Суперлигата. Мадридскиот не бил задоволен од почетокот на целата приказна и претставувањето на проектот од Флорентино Перез, па во ситуација кога Челси прв повлече нога, Атлетико побрза веднаш да го искаже незадоволството и да се повлече.

Останува да се види колку клубови ќе останат доследни на идејата до крајот на денот, но речиси сигурно е дека овој проект ќе пропадне по само 48 часа од неговата официјализација.

Се вчитува...