„Секој ден му кажувам на Јокиќ дека е најдобар на светот“

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Џулијан Стротер ја коментираше играта на својот соиграч и српски кошаркар Никола Јокиќ. Тој ги предводеше Нагетс до победа над Шарлот Хорнетс (129:115), нивна деветта во низа и второ место на Западот (37-19).

Србинот на тој меч се доближи до трпл-дабл, постигна 29 поени, 17 скока и девет асистенции. Интересно е тоа што Србинот имаше 14 обиди за три поени.

„Тој е уште еден кошаркар за кое одбраната мора многу да се грижи, дури и кога е на линијата за три поени. Секој ден му кажувам на Јокиќ дека е најдобар на светот. Секогаш кога ќе се отвори на линијата за три поени, отвора простор за другите играчи“, рече Стротер.

Се вчитува...