Секој фудбалер на Германија ќе добие по 400.000 евра ако го освојат СП во Катар

Секој германски фудбалски репрезентативец ќе добие по 400.000 евра во случај да го освои Светското првенство во Катар, соопшти Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Тоа значи дека фудбалерите би добиле 50.000 евра повеќе од она што би било ако го освоеа претходниот Мундијал во Русија во 2018 година, кога за триумфот беа планирани 350.000 долари.

„Одрживме интензивна дискусија во добра и конструктивна атмосфера. На крајот најдовме прифатливо решение за сите“, изјави претседателот на ДФБ, Берн Нојендорф.

 

 

Се вчитува...