Ракометарите на Алкалоид со секој нов европски натпревар продолжуваат да испишуваат нови страници во клупската историја, откако вечерва со пет гола предност го совладаа Рунар Сандефјорд во првиот полуфинален дуел од ЕХФ Европскиот куп.
Норвешкиот тим досега ги елиминираше Целје, Олимпијакос и Бешикташ, но вечрева беше немоќен да ги запре налетите на избраниците на Лазаров, кои одиграа маестрално и со 42 постигнати погодоци си го трасираа патот кон европското финале.
Реваншот во Норвешка дефинитивно нема да биде лесен, но Алкалоид поседува и квалитет и карактер за да ги одбрани овие „плус пет“ следниот викенд…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА