Секој натпревар посебна приказна – фудбалерите заслужуваат поддршка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Секој натпревар е посебна приказна. Хероите од Палермо од пред само само два месеци, ги разочараа македонските навивачи со игрите низ актуелниот собир во Лигата на нации и последниот пораз од Грузија на домашен терен од 0-3.

Но, ако за некого тој пораз е разочарувачки сигурно е токму најмногу за репрезентативците и стручниот штаб кои силно посакуваа нова радост за македонските фанови. Сепак, факт е дека оваа генерација фудбалери и тоа како го задолжила македонскиот фудбал и спорт воопшто, доволно за да добијат максимална поддршка овој напорен јунски собир да го заокружат со триумф утре против Гибралтар.

Токму во таа насока, со желба за победа и повторно да ја добијат неопходната самодоверба, беше одработен и денешниот официјален тренинг пред дуелот со Гибралтарците. Селекторот Благоја Милевски за утрешниот дуел нема да смета на повредениот Трајковски а најверојатно и на Елмас, но сигурно ќе има уште неколку измени во составот како шанса би добиле и оние фудбалери кои имаа помала минутажа или воопшто не настапија на претходните натпревари…

 

Се вчитува...