Секој почеток е тежок, но не смее да се губи надеж (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија со максимално подмладен состав покажа дека има потенцијал, но за жал тоа не беше доволно за триумф над Романија на почетокот на претквалификациите.

Недоволното искуство го покривме со желба и залагање, но на крајот тоа се покажа недоволно откако потклекнавме во последните пет минути и претрпевме разочарувачки пораз.

Разочарувањето кај играчите беше очигледно, но мора да се остави што поскоро зад себе бидејќи ни следат нови предизвици. Впрочем ова е една сосема нова репрезентација. Добро познато е дека секој нов почеток е тежок, а борбеноста и тимскиот дух покажан вечерва во Куманово ни дава право за верување дека кошаркарска Македонија во иднина ќе ни приредува радост.

 

Се вчитува...