Ракометната репрезентација, или Б-селекцијата како што ја нарекува селекторот Брестовац, напорно работи од самиот почеток на тренинзите, се со цел да се наметне кај стручниот штаб.
На сите им е јасно, бројот на слободни места на списокот за Виена е ограничен, па затоа ќе мора да се даде се од себе за да се стане дел од „А-тимот“. Секој сака да игра на Европското првенство, па затоа и залагањето кај ракометарите е максимално од самиот почеток.
Овој состав на ракометарите во следниот период ќе одигра четири контролни средби, најпрвин против Кувајт во Србија, а потоа и ќе настапи на „Трофеј Карпати“ во Романија, по што по враќањето назад селектроот ќе одлучи кои ракометари ќе патуваат со А-тимот на последната фаза од подготовките во Словенија, што ќе почнат на 2 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА