Невиден куриозитет e тоа дека и двајцата шампиони на Вимблдон, претходно биле казнети за допинг, предизвика различни коментари, посебно негативни.
Сепак, шампионот на Вимблдон од 1987 година, Пет Кеш излезе во нивна одбрана.
„Пред да плукате некого, направете домашна задача. Потребни се само десет минути. Швјонтек и Синер добија контаминирани супстанции. Тие не можеа да влијаат на квалитетот на нивната игра. Ако мислите дека WADA (Светска анти-допинг агенција) и ITIA (Агенција за интегритет на тенис) не направиле се што треба да направат за да се утврди вината, вие сте целосно луди. Затоа престанете со ваквите дезинформации. Тие не се измамници. Тие се најдобри на светот со причина“, изјави Кеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

