Секоја чест: Едноракиот кошаркар со супер-забивање до првите поени во НЦАА-лигата (видео)

Хансел Емануел продолжува да испишува историја, откако 19-годишниот кошаркар ги постигна своите први поени во НЦАА-лигата, каде настапува без оглед на физичкиот хендикеп.

Хансел при една несреќа во раното детство останал без една рака, но љубовта кон кошарката беше толку голема што овој млад играч играше кошарка во текот на колеџ-кариерата, а потоа доби покана да стане дел од кошаркарскот тим на Нортвестерн универзитетот.

Хансел тренираше напорно во изминатите месеци, а кога конечно доби шанса да заигра тој блесна во сиот свој сјај, со атрактивно забивање постигнувајќи ги своите први поени во кариерата во НЦАА.

Се вчитува...