Секоја чест: Фјури сите пари ќе ги донира на сиромашните…

Се е подготвено за големата боксерска пресметка меѓу Тајсон Фјури и Деонте Вајлдер, а британскиот ас ги собра симпатиите на неутралните фанови откако откри што планира да стори со парите што ќе ги заработи од оваа борба – ќе им ги подели на сиромашните.

„Се што ќе добијам од овој дуел, ќе го донирам на сиромашните. Поточно, ќе изградам куќи за оние кои немаат свој дом и кои живеат на улица. Немам потреба за толку пари, не знам подобар начин  како би ги искористил. Не сум заинтересиран да станам милијардер, јас сум боксер и на крајот најверојатно ќе завршам како многумина други од овој спорт – банкрот. Затоа, сакам да направам корисни работи со парите додека ги имам. Парите не можеш да ги понесеш со себе во гроб и затоа е најдобро да направам нешто убаво за луѓето кои самите не можат да си помогнат“ – прокоментира Фјури.

Интересно, овој боксер наскоро ќе го добие и своето петто дете, но не размислува богатството да им ги остави на потомците.

„Мој став е дека децата треба самите да заработуваат за да знаат да ги ценат парите. Лесно е да се троши туѓо богатство, а моите пари јас крваво ги имам заработено. Желба ми е моите деца да си го изградат сопствениот пат во животот, не да живеат на сметка на мојата репутација“ – порачува Тајсон Фјури.

Се вчитува...