Данска во одлична спортска битка славеше над Франција и си обезбеди место во историјата на светскиот ракомет, но вечерашното финале за нас ќе биде запаметено и по извонредната абритража на Ѓорѓи Начевски и на Славе Николов. По финалето на ЕП и мечот за златото на ОИ, македонските судии ја добија задачата да судат и на дуел за титула на еден ракометен мундијал, и апсолутно маестрално си ја завршија работата.
Неупадливи во одлуките, дозволија дуел игра, но кога стартовите ќе станеа нешто погруби, знаеја и како да санкционираат, покажувајќи одличен „сенс“ за еден ваков значаен натпревар во кој беше јасно дека ќе има многу искри на теренот.
Одлично беа забележани и важните одлуки во второто полувреме, престапот на француското крило, потоа и чекорите на Ремили… а „триколорите“ немаат буквално за што да се пожалат од судиски аспект за денешниот пораз.
Начевски и Николов уште еднаш покажаа дека се најдобри светски судии во моментов, подготвени максимално да одговорат на предизвиците, а најдоброто од себе да го покажат токму на најважните натпревари во судиската кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА