Раководството на РК Пролет донесе одлука која заслужува апсолутна пофалба од целокупната спортска јавност. Имено, скопскиот клуб денеска го именуваше Никола Матлиески за нов шеф на стручниот штаб, како замена за Александар Јовиќ кој минатата седмица почина од срцев удар.
Управата на Пролет во знак на почит кон големиот човек кој прерано го напушти овој свет, донесе одлука да го исплаќа договорот што Јовиќ го имаше со РК Пролет до крајот на сезонава, а парите да бидат уплаќани на сметката на неговите најблиски.
„Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ се уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со РК Тинекс Пролет, да биде исплатен до крајот на оваа натпреварувачка сезона на неговото најблиско семејство“, објави РК Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

