Секоја чест: Црногорец трчаше со скршеница на ногата во чест на починатиот татко

Црногорскиот атлетичар Дарко Пешиќ се натпреваруваше во квалификациите на 100 метри, каде не успеа да се пласира во следната рунда. Сепак, она што ја прави приказната на Пешиќ специјална е фактот дека овој атлетичар веќе подолго време се мачи со повреда на ногата – скршеница на коска во стапалото.

Неговата нога извесно време се наоѓа во лонгета, но Пешиќ реши да настапи на сопствен ризик, само за да ја исполни желбата на таткото што починал пред четири години.

„Јас сум син на покојниот Велиша Пешиќ, кој ме во целата оваа приказна, патот што стана многу потежок кога во 2020 го напушти овој свет. Денеска ја истрчав оваа трка со скршено стопало. Лекарите ме предупредуваа дека може да ми биде последна трка во кариерата, јас сум газда на својата кариера, и ако е цената ова да биде моја последна трка, нека биде на ОИ, за мојот татко… сигурно нема да жалам. Сега ја враќам ногата во лонгета, да мирувам уште извесен период, па ќе видиме што ќе се случува во иднина“, изјави Дарко Пешиќ.

Се вчитува...