„Секоја чест за фудбалерите како Модриќ… јас имам 33 години и понекогаш не сакам да станам од кревет“

Чехот Матеј Видра по четири години пауза повторно ќе биде дел од репрезентацијата за натпреварите против Хрватска и Фарски Острови за квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

Фудбалерот со 46 репрезентативни настапи говореше на пресконференцијата за медиумите, а доби и интересно прашање за Лука Модриќ.

„Имам 33 години и понекогаш не сакам да станам од кревет. Секоја чест за играчите како Модриќ кои покажуваат дека можат да играат многу долго. Се уште имам желба“, изјави Видра.

Се вчитува...