Хамбургер прераснува во најредовен „пациент“ на Баерн Минхен во Бундес-лигата, откако актуелниоот првак попладнево повторно го декласираше овој ривал со 8-0, исто како што тоа беше случај пред две сезони. Гостувањата на “Алијанц арена“ прераснуваат во кошмар за фудбалерите на Хамбургер, кои во последните три сезони имаа неверојатна гол разлика од 0-21 кога му гостуваат на Баерн. Левандовски постигна хет-трик, па беше заменет, но потоа Коман по влегувањето во игра постигна два погодоци. Претходно, првиот гол го постигна Артуро Видал, а меѓу стрелците се запишаа и Алаба и Робен, за одржување на солидната предност на врвот на табелата.
Лајпциг рутински си ја заврши работата на домашниот меч против Келн, на кој второпласираниот тим на табелата славеше со 3-1. Форсберг во петтата минута го отвори резултатот, а Марох со автогол зголеми на 2-0. Гостите намалија на 2-1, но Вернер беше прецизен кон средината на второто полувреме за разрешување на сите дилеми околу победникот.
Во ритам влегува и Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ славеа лесна победа од 0-3 на гостувањето против Фрајбург. Обамејанг постигна два погодоци во овој триумф на својот тим, кој беше најавен од страна на Папастатопулос уште по 13 минути игра.
Резултати Германија:
Дармштад – Аугсбург 1-2, Баерн М. – Хамбургер 8-0, Лајпциг – Келн 3-1, Баер Л. – Мајнц 0-2, Фрајбург – Борусија Д. 0-3.
All Goals & highlights HD – Bayern Munich 8-0… by ZidanekrisAll Goals & highlights RB Leipzig 3-1 FC Koln… by lifefootballAll Goals & highlights Freiburg 0-3 Borussia… by lifefootball
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА