Олимписките игри почнуваат во петок, а со нив стигнува и „секс-маратонката“, Ингрид Оливеира. Тоа е прекарот кој го доби од медиумите откако за време на Игрите во Рио де Жанеиро во јавност се појави приказна дека пред големото финале во соба го довела сонародникот и кајакар, Педро Гонсалвес со кого ја минала цела ноќ.
Новинарите тогаш „ископаа“ како убавата скокачка во вода од собата ја исфрлила својата цимерка за да во мир си ја мине ноќта, а сексот бил толку гласен што го разбудила половина Рио. А, потоа во финалето следниот ден завршила последна, а поради бламажата била исфрлена и од олимпиското село.
По обвинувањата дека се посрамотила себе си, но и државата, Бразилката одлучи да проговори во јавност…
„Секс-маратонка, оргии, контроверзна… Цел свет ме малтретираше со таквите навреди. Се создаде таа приказна и се повторува само затоа што сум жена која се одлучила да има секс“ – изјави Ингрид.
Во меѓувреме мина низ тежок период, добиваше и разни неморални понуди, а сега повторноќе биде во Париз.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА