Секс-скандал ја тресе фудбалска Италија

Карло Тавекио пред неколку дена поднесе оставка од функцијата претседател на Фудбалската Федерација на Италија. Како причина се посочуваше фијаското на националниот тим и неопходноста од промени од сите аспекти на италијанскиот фудбал, но последните информации говорат нешто сосема поинакво.

Имено, куќата на италијанскиот фудбал ја тресе секс-скандал откако поранешна вработена, извесна Мери, покренала тужба против Тавекио за сексуално вознемирување.

Отидов во неговата канцеларија за да разговараме за фудбалски тим. Тој не ми дозволи ниту да прашам како е, само ме погледна и ми рече: Добро изгледаш, се гледа дека си сексуално активна. Потоа ме повика да ми ги допира градите. Ужасно ми беше срам, се обидов да го запрам, но за него важно беше само најпрвин да ги стави завесите за да не се гледа од надвор“ – открива Мери детали од сексуалниот напад.

Се вчитува...