Копа Америка ја тресе сериозен секс-скандал откако се дозна дека репрезентативците на Чиле во хотелот каде што престојуваат носеле проститутки и со тоа ги прекршиле протоколите за коронавирусот и правилата на целата организација.
Артуро Видал, Гари Медел, Пабло Арангис, Едуардо Варгас, Жеан Менезес, Гиљермо Марипан и Пабло Галдамес се во главната улога, тие организирале забава во хотелот и на неа поканиле проститутки. Секако, ова не можело да остане незабележано, но зачудува како персоналот на хотелот дозволило влез на надворешни лица со оглед на протоколите.
Поради скандалот, техничкиот директор на чилеанската репрезентација Мартин Ласарте поднесе оставка. Фудбалерите кои учествувале во него ќе бидат жестоко казнето, а се шпекулира дека Чиле може да биде исфрлен од турнирот. Инцидентот се случил пред мечот со Боливија на кој Чиле триумфираше со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА