Голфот е еден од ретките спортови кој се држи до своите корени, правила на игра, облекување и однесување…, кои не се менуваат со години. А, одлуката играчите во пресрет на престижниот Омега Мастерс во Дубаи да ги претставува жена не беше баш најдобро прифатена меѓу поборниците на традицијата.
„Па таа има повеќе селфија отколку било што спортско. Срамота е тоа“ – се коментарите околу изборот на атрактивната 24-годишна американска голферка, Пејџ Спиранац која во Дубари ги претставуваше играчите заменувајќи го Ивор Робинсон, кој претходно изминатите 40 години си ја имаше таа задача.
А, американската голферка предизвика контроверзии и во 2015 година кога доби покана за Дубаи Мастерсот.
„Прилично е јасно зошто ја поканија“ – коментираа некои од најдобрите светски голфери, алудирајќи на атрактивниот нејзин изглед.
Но, замолкнаа сепак кога Пејџ почна да игра. Во своето деби заврши на 94. место од 108 натпреварувачи, и зад себе оставајќи голфери со долгогодишно искуство. Не е лошо како за првпат, нели? Иако, сепак останува фактот дека сепак изгледот е тој кој неа ја носи на најголемите голф Мастерси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА