Секулов од Јуве се сели во Сампдорија кај Андреа Пирло

Никола Секулов ги мина младинските категории во Јувентус, имаше и неколку настапи за првиот тим на „старата дама“, но откако стана јасно дека не е дел од плановите на Тијаго Мота овој фудбалер за врска реши да си замине од таборот на „црно-белите“.

Секулов во април потпиша нов договор со Јувентус до 2027 година, но челниците на „старата дама“ му ја исполнија желбата да ги смени клупските бои, прифаќајќи ја понудата на Сампдорија. Тренер на Самп е легендарниот Андреа Пирло, кој го вклучил Секулов во својата листа со желби, а управата успеала да го доведе македонскиот фудбалер во своите редови.

Вкупната вредност на трансферот изнесува два милиони евра, а Секулов денеска ќе пристигне во Џенова, каде по деталните лекарски прегледи ќе следи и потписот на договорот со новиот клуб.

Се вчитува...