Брегалница со убедлива победа над Тиквеш од 5-0 со стил ја заврши годинашната авантурата во Втората македонска фудбалска лига Исток.
Тренерот на штипјани, Марјан Секуловски е презадоволен од сезоната во која тимот во 27 натпревари забележа 23 победи и четири реми-исходи со што е единствен клуб во најдобрите три лиги во Македонија кој заврши без пораз.
„Брегалница и Штип овој момент го чекаа четири години. Среќен сум што оваа генерација на играчи и донесе на Брегалница пласман во ПМФЛ. Честитки до сопственикот Кирил Гогов, до општина Штип, до навивачката група Фаланга и до сите во клубот меѓу кои и стручниот штаб и фудбалерите кои се и најзаслужни за овој успех. Радува фактот што завршивме со 23 победи и 4 реми. Само Спортинг Лисабон и Ренџерс успеаја да бидат непоразени цела сезона и ние се разбира во Втора лига Исток“, очекувано низ смеа коментира Секуловски.
Секуловски додава дека прво треба да се направи анализа за целата сезона и потоа да почнат подготовките и составувањето на тимот за новата сезона.
„Ни следуваат финалните анализи за сезоната и правеќе на селекција на фудбалери за во Првата лига каде што се надевам дека Брегалница ќе прикаже одлични игри“, дополнува Секуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА