Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски очекувано е задоволен од начинот на кој „сините“ ја завршија есенската полуетапа од првенството со освоеното прво место во Втората лига – Исток.
Со гостинската победа против Слога во Виница, Брегалница дојде до седум бода предност во однос на најголемиот конкурент за прволигашка промоција, второпласираниот Тиквеш.
„Полусезоната ја завбршивме на првото место со седум бодови предност пред второпласираната екипа на Тиквеш, што е навистина резултат за почит. Но, сето тоа апсолутно не треба да значи опуштање туку мотив повеќе за уште поквалитетни изданија на тимот во пролетниот дел“ – вели Секуловски, кој се осврнува и на победата во Виница.
„Одигравме квалитетен натпревар, против многу мотивиран, квалитетен и агресивен противник. И во првото и во второто полувреме имавме многу шанси по кои многу порано требаше да го одлучиме победникот, но најважни се секако трите освоени бода“.
Фудбалерите на Брегалница, и по крајот на есенскиот дел, до среда продолжуваат со тренинзите во Штип. Потоа следи заслужениот одмор до 9. јануари за кога шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски ја планира првата прозивка на стартот од подготовките за пролетниот дел од сезоната кој почнува на 27. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА