Селби, Хигинс и Бресел пред дисциплинска комисија поради откажување од турнирот во Северна Ирска

Лука Бресел, Марк Селби, Џон Хигинс, Али Картер и Тепчаја Ун Ну решија да не се натпреваруваат на Отвореното првенство на Северна Ирска во снукер, туку да играат на егзибицискиот турнир во Макао.

Светската асоцијација за снукер (ВСТ) објави дека на сите петмина им се заканува дисциплинска постапка бидејќи таквата постапка може да се смета за „прекршување на условите од договорот“.

„ВСТ е разочаран кога слушна дека голем број играчи кои се под договор со ВСТ избрале да не играат на турнирот ВСТ и избрале да играат на турнирот во Макао, со што ги прекршиле условите од договорите“, стои во соопштението на снукер федерацијата. 

Се вчитува...